Промовирани нови 14 наслови на универзитетски книги преведени на албански јазик

Нови 14 наслови на универзитетски книги преведени и објавени на албански јазик од областа на туризмот и бизнис логистика, визуелните уметности, природно-математичките науки, транспорт и телекомуникации, и механички и електротехнички науки денеска беа промовирани во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, како што соопшти Министерството, на промоцијата порача дека важноста и улогата на книгата отсекогаш биле скапоцени и незаменливи и дека внатрешноста на секоја книга во себе ги чува најголемите богатства кои ги создава и ги поседува една личност.
- Книгата нема возраст. Таа се става во служба на секоја индивидуа, без разлика на возраста, професијата или обемот на знаење. Книгата е водич за секој поединец во утврдувањето на интелектуалните способности кон поздрава, посигурна и понадежна иднина. Колку што човекот повеќе знае, толку повеќе му е пријател книгата, рече тој.
Владата на Македонија, потсети Адеми, во 2009 година започна со реализирање на проектот Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија.
- Досега се преведени вкупно 919 наслови, рече Адеми, но овој проект кој е од особено значење за нашите студенти, сега е во завршна фаза и се очекува на почетокот на следната година да се промовираат 81 останат наслов за превод и објавување.
Ново на Сител
-

Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
-

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника
-

Одбележан Денот на јавната администрација, признанија за АХВ, трансфорамција и акредитација
-

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“
-

Преглед на вестите од светот
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
