Промовирана „Персонална библиографија“ на професорот Душко Цацков

Во Штип денеска беше промовирана книгата „Персонална библиографија“ на Душко Цацков, поранешен универзитетски професор и декан на Педагошкиот факултет.
Издавањето на книгата и промоцијата се поддржани од Општината. Професорот кој полни 80 години, зад себе има оставено литература за деца, но и за наставници и за универзитетски професори.
- Досега вакви библиографиии имаа само Балабанов, Ренџов, Чепреганов и јас. Сите мои школски другари, изјави Цацков, според кој, најважно е духовното богатство.
Милена Ристова-Михајловска, директорката на НУУБ „Гоце Делчев“ каде што се одржа промоцијата, најави дека во петок ќе биде промовирана и библиографија за професорот д-р Методи Чепреганов.
- Оваа година Советот на Општина Штип и градоначалникот Илчо Захариев поддржаа издавање на две библиографии. Нашата интенција е во јуни да аплицираме со проект до Министерството за култура за печатење второ издание на овие библиографии, бидејќи сегашниот тираж е мал, истакна Ристова-Михајловска.
Библиотекарите кои работеа на „Перосналната библиографија“ велат дека книгата е одлично четиво кое може да им послужи на студентите при нивното истражување.
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
