Промовирана нова редовна авиолинија Скопје – Варшава
Стартуваше директната авионска линија од Скопје до Варшава. Освен во недела патниците секој ден ќе можат да летаат со авионите на полскиот Лот Полиш Ерлајнс. Од полската престолнина пак ќе имаат можност да заминат до повеќе дестинации како што се САД, Скандинавија и Канада.
Голем бенефит од новата авио линија ќе имаат и бизнисите.Се очекува да се подобрат не само економските туку и политичките односи помеѓу двете земји.
До крајот на месецот ќе биде објавен повикот за избор на нискобуџетна компанија која во следните три години ќе оперира од скопскиот аеродром. Временскиот јаз од завршувањето на договорот со Визер до изборот на истата или нова компанија нема да се одрази врз патниците тврди министерот Сугарески.
Веќе 6 години државата ја субвенционира Визер која отвори 12 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Евтините летови го раздвижија авиосообраќајот. Бројот на превезени патници од двата аеродроми до мај изнесувал 784 000 или 20 отсто повеќе споредено со истиот период лани.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар