Промовирана книгата „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило - срцето“ од Вера Стојчевска Антиќ
Kнигата „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило - срцето“ од Вера Стојчевска Антиќ е промовирана денеска во конференциската сала на Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.
Промоторот Ставре Џиков рече книгата претставува прекрасен летопис за 2014 година која зборува за Македонија, за македонското духовништво, за македонската црква и за Св. Ѓорѓија Победоносец.
- Во секое катче на црква или манастир каде стои светителот Св. Ѓорѓија Победоносец секаде одевме со караванот, додаде Џиков.
За проектот говореше Наташа Ивановска, која рече дека направиле проект кој ќе остане запамтен. Изрази надеж дека и следната година ќе реализираат втор циклус од овој проект.
Стојчевска Антиќ рече дека првпат се реализира проект во рамки на кој се посетени 12 позафрлени села низ Македонија, кои имаат црква Св. Ѓорѓија.
- Идејата беше интересна за староседелците во тие села во кои одевме, но караванот имаше подготвено идеална програма. Тргнуваше автобус со поети, глумци, автори, со оперски певци, научници, младина, со изведувачи кои сите тие свои можности ги искажуваа пред населението во тие села по планинските места низ Македонија, истакна Стојчевска Антиќ.
Укажа на радоста на жителите од местата кои ги посетувале, а ја слушале приредбата.
- Одредени лица од тие села, ако има уметник, поет... ги вклучувавме во приредбата со ракотворби, цртежи итн. Со нас доаѓаа и оние кои сакаа да присуствуваат на тие општи веселби и средби. Посебно беше интересен изборот на 12 витези на поетскиот збор. Во книгата се опишани сите 12 средби, со датуми, со податоци за селото, црквата, што значи книгата содржи еден историјат на тие 12 цркви „Св. Ѓорѓија“ кои можат да послужат за разни други намени, рече Стојчевска Антиќ.
Додаде дека предвиден е и втор сличен проект, посета на 12 села во Македонија кои имаат цркви „Св.Богородица“.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот