Промовирана книгата „Херувимите на Самуиловата круна“ од Зоран Пејковски
Драмскиот писател, поет и публицист од Битола, Зоран Пејковски ја претстави својата најнова книга - „Херувимите на Самуиловата круна“ чиј издавач е Битолскиот книжевен округ.
„Херувимите на Самуиловата круна“ е публикација за истоимениот сценско-драмски рецитал кој беше одигран од актери на Народниот театар-Битола, а по повод 1000-годишнината од смртта на царот Самуил, во организација на Министерството за култура и општина Демир Хисар, истакна авторот Пејковски.
- Во книгата е пренесена една документарно-фактографска и хуманистичко-историска повест. Преку стожерниот лик на царот Самуил, но и ликовите на самуиловата сопруга Агата, ќерката Косара и синот Гаврил Радомир, но и други протагонисти се обидов да расветлам еден важен историски сегмент кој заслужува да биде документиран и публициран. Подготовката на текстот е поткрепена со богат истражувачки материјал кому ги вградив моите чувства и творечка креативност, посочи Пејковски.
Зоран Пејковски е член на Друштвото на писателите на Македонија и директор и главен и одговорен уредник на регионалниот информативен неделник „Јавност“.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот