Промовирана интернет алатка за самопроценка на ризикот од употреба на дроги
Центарот за превенција и третман на зависност од дроги денеска ја претстави интернет алатката за самопроценка на ризикот од употреба на дроги „драгхелп.еу“ (drughelp.eu), што служи за рана детекција и брза интервенција, со цел да се се опфатат младите кои употребуваат супстанци, а кои досега не побарале помош од постојните програми.
Доктор Лилјана Игњатова, постојаниот дописник на Помпиду групата при Советот на Европа од Македонија, посочи дека сите кои ја користат оваа алатка се безбедни и дека нивните податоци се анонимни и сигурни.
- Вака успеваме да ги избегнеме стигмата и дискриминацијата и порано и навреме да се опфатат лицата кои многу подоцна, доколку развијат зависност, би се јавиле во програмата, истакна Игњатово.
Таа објасни дека, дека оваа алатка не претставува замена за тертманот „лице во лице“, но оваа алатка е направна за оние корисници кои користат супстанци, но немаат сериозни проблеми, односно „лесни корисници“.
- Резултатите од досегашните тестирања во алатката покажуваат дека, кај 16 отсто од тестираните лица нема ризик од зависност, додека кај 70 проценти од нив е забележана штетна употреба на дрога, што не значи зависност, а 14 проценти од тестираните лица најверојатно се зависници од дрога, објасни Игњатова, нагласувајќи дека досегашните резултати покажале оти најголем број од тестираните лица користат канабис.
Алатката за „драгхелп.еу“ е изработена со поддршка на Помпиду групата при Советот на Европа, а во неа учествуваат повеќе земји, односно Македонија, Србија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Романија.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово