Промовиран проектот за системот за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион

Проектот „Подготовка на потребните документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион“ денеска беше промовиран во ЕУ Инфо центарот. Проектот е финасиран од ЕУ, во соработка со МЖСПП и меѓуопштинските одбори за управување со отпадот и општините од Источниот и Североисточниот регион.
Со проектот, според организаторите, ќе се подготват потребните студии и документација, согласно барањата на ЕУ и националното законодавство со цел да се аплицира за финасирање од ИПА на ЕУ и да се изгради потребната инфраструктура.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски информира дека за Источниот и Североисточниот плански регион веќе се реализирани три проекти од ИПА програмата, во рамки на кои се изработени регионални планови за управување со отпад, техничка и тендерска документација за затворање на нестандардните депонии/диви депонии и технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад.
- Со почнувањето на овој проект, кој е финансиран од Приоритетната оска 3, ќе се заокружи целиот циклус на подготовка, како на планската така и на тендерската документација и веќе во 2017 година, преку ИПА 2 програмата, ќе бидеме подготвени да аплицираме за инфраструктурни проекти, со кои би се финансирала изградбата на две регионални депонии и трансфер станици, рече Темелковски.
Антонис Мавропулос, тим лидер на проектот, информира дека идејата на овој проект е да постави предуслови за изградба на првата депонија во Македонија, која ќе биде согласно европски стандарди.
- Проектот го почнавме во јануари и во моментов сме во фаза на теренски посети на определени локации кои беа посочени како можни за новата депонија. Контактираме и со градоначалниците од овие региони и се обидуваме да најдеме соодветно место за новите објекти што ќе се постават, рече Мавропулос. Изрази задоволство од соработката и поддршката што ја добиваат од МЖСПП, општините и од претставниците од општинските власти.
Целта на денешниот настан, како што рече, е почеток на дијалог со засегнатите страни и да видиме кои треба да бидат следните чекори во проектот.
- Ова го правиме бидејќи веруваме дека ваквите проекти треба да се спроведуваат со целосна транспарентност и видливост за сите граѓани. Ќе ги покриеме сите потреби и барања кои ги имаат двата региона истовремено и ќе бидат инвестирани и потрошени од 25 до 35 милони евра, рече Масвропулос.
Проектот е спроведуван од две големи меѓународни компании ЕПТИСА Сервисиос де Инхенеира од Шпанија и ЕПЕМ С.А. Од Грција. Почна во јануари, а ќе заврши во април 2017 година.
Ново на Сител
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
-

Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“
-

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО
