Промовиран четиритомен избор од творештвото на Иван Чаповски
Во Друштвото на писателите на Македонија денеска беше одбележана 80-годишнината од раѓањето на македонскиот писател Иван Чаповски. Промовиран беше четиритомен избор од неговото творештво во издание на „Матица македонска“-Скопје, а со предговор на писателот Раде Силјан. Првиот том е посветен на поезијата, а наредните три тома ги донесуваат романите „Змија“, „Магла“ и „Крв на еукалиптусот“.
За литературното дело на Чаповски, кој е поет и прозаист, зборуваше Гордана Михаилова Бошнакоска, која истакна дека се работи за богат живот исполнет со големо творештво.
- Тој има уште осум романи, кои веројатно во иднина ќе бидат препечатени бидејќи темата со која се зафаќа Иван Чаповски е многу интересна. Би рекла едно толстоевско гледање на проблемот на Македонците од Егејот. Со исклучок на втората поетска книга „Дожд, по дождот Вера“ која се разликува по некои лирски елементи и моменти кои на некој начин се одвојуваат од другите поетски книги, но и од прозата, рече Михаилова Бошнакоска.
Чаповски, како што рече, зафаќа едно многу значајно место во македонската литература затоа што навлегува на проблемот кој не е доволно обработен од страна на литературната критика, а е многу важен за историјата на Македонија и на македонската литература.
- Животот на Иван Чаповски е живот за егзодус на еден народ, Македонците од Егејксиот дел на Македонија. На оваа тема во македонската литература пишуваа и други автори, Петар Ширилов, Ташко Георгиевски, Паскал Гилевски, Кица Колбе и други, кои овој тежок дел од историјата на Егејска Македонија го отворија не само како литературна тема, но и како тема на која во поголем дел треба да се посвети и нашата историографија, рече Михаилова Бошнакоска.
Чаповски изрази задоволство и упати благодарност до неговите пријатели во Друштвото на писателите на Македонија.
Иван Чаповски е еден од доајените на ДПМ. Автор е на богат и разновиден поетски, раскажувачки и романескнен опус. Добитник е на високи литературни награди, меѓу кои „Рациново признание“, „Стале Попов“ и „Книжевно жезло“.
Поетски и прозни фрагменти од творештвото на Чаповски читаше Александра Велинова.
Ново на Сител
-
Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби четири години и десет месеци казна затвор
-
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
-
Посебен сообраќаен режим вечер во центарот на Скопје поради протестен марш
-
Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани
-
Издадена наредба за обдукција и вештачење на оружјето од инцидентот во Волково
-
Со извици „Вие сте платеници“ новинарите избркани од Студентскиот пленум
-
Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето
-
Коментаторот на РТС се расплака на преносот Србија - Австрија поради трагедијата во Кочани | ВИДЕО