Промоција на зборникот „Илинденски сведоштва“ том 1 и 2
Зборникот документи „Илинденските сведоштва“ том 1 и 2 од Ленина Жила, Јасмина Дамјановска и Филип Петровски вечер ќе биде промовиран во арт-кафе „Концепт 37“. Издавач на делото е Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ).
„Илинденски сведоштва“ – тоа е условен наслов на комплекс документи од фондот 159 „Извршен совет на НРМ. Одбор за доделување илинденски пензии. Досиеја на признати илинденци (1946-1956)“, кој се чува во во Државниот архив на Република Македонија.
- Илинден е темел на нашата држава. Без саможртвата на македонскиот народ во 1903 година, ние не би можеле да ја имаме својата сегашна држава. Меѓународното право во средината на 20 век го признавало правото на одреден народ да има држава ако тој водел упорна и крвава борба за осамостојување, соопшти Архивот.
Документацијата изобилува со повеќе сегменти од тогашната егзистенција на македонското семејство предводена од турската власт, како и од бугарската, српската и грчката пропаганда, за социјалната положба, за нивниот живот како осуденици и затвореници, за економската сиромаштија, за улогата на религијата, за политичкиот живот.
- „Илинденските сведоштва“ создаваат основа од корен да се промени пристапот на македонската историографија. Првпат се објавуваат извори што ќе создадат основа за проучување на животот на обичниот човек, човек кој се доживува само како една единка од народот. „Илинденските сведоштва“ ќе им помогнат не само на историчарите да го реконструираат животот на обичниот човек туку и на македонските семејства да дознаат повеќе за своите предци, кои беа дел од македонското револуционерно движење, соопшти ДАРМ за изданието.
Ново на Сител
-
Обилни снежни врнежи го парализираа воздушниот сообраќај во Северна Европа
-
Сончево со мала локална облачност
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип