Промоција на студија за случаи со ризици од корупција

Промоција на студија насловена „Студии на случаи со ризици од корупција“ денеска ќе одржи тимот на Програмата на УСАИД за антикорупција имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Транспарентност Македонија.
Целта на овие студии е подобрување на политиките за антикорупција, преку анализи на состојбите и укажување на конкретни случаи.
За студиите ќе зборуваат нивните автори Вања Михајлова, Артан Сулејмани Мартин Дувњак, Александар Колекевски и Ана Чупеска.
Според организаторите, целта на проектот е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните за барање отчетност од институциите како и придонес кон нивен повисок интегритет.
Програмата ја спроведува МЦМС во партнерство со Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје, ТМ и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
