Македонија
24. January 2016 - 9:37

Промоција на стихозбирка од Тања Кармзова-Костиглиола

Во Струмица вечер ќе биде промовирана книгата поезија „Кутија со солзи“ - втора стихозбирка на Тања Кармзова-Костиглиола, во издание на библиотеката „Благој Јанков - Мучето“.

Тања Кармзова-Костиглиола (Дабиле, Струмичко 1989) е фармацевтски техничар и живее и работи во Париз. Во 2007 ја објавила првата збирка „Распетие на душата”, а работи на францускиот превод на двете свои дела.

Нејзината втора стихозбирка ќе ја промовира Ѓорги Калајџиев, а стихови ќе чита Митко Гогов.