Промоција на романот „Убиство во хотел Босфор“

Во рамки на Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ (BookStar) вечер во „Јавна соба“ ќе биде промовиран романот „Убиството во хотел Босфор“ на турско-германската писателка Есмахан Ајкол, која ќе гостува на промоцијата.
На македонски романот го објави организаторот на фестивалот - „Антолог“, во превод на Тулај Сејфула, со поддршка на програмата „ТЕДА“ на Министерството за култура и туризам на Турција.
„Убиството во хотел Босфор“ е првиот од серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел, објавен во 2001, а по него и „Бакшиш“, „Сомнителна смрт“ и „Танго Истанбул“.
Романот е најчитан наслов во книжевниот центар „Антолог“ за 2016 година и авторката Ајкол ќе ја добие наградата „Букстар“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот на европската книжевеност.
Бестселерот на Есмахан Ајкол (1970) ќе го промовира писателот Владимир Мартиновски.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
