Промоција на романот „Лалето на Истанбул“ од Искендер Пала

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ вечер ќе го промовираат романот „Лалето на Истанбул“ од турскиот писател Искендер Пала, кој ќе гостува на промоцијата во Скопје.
„Лалето на Истанбул“, кој од турски на македонски јазик го преведе Анета Матовска, изобилува со историски и културни детали, а читателот ќе се запознае со животот во кралските палати и куќичките на дервишите и со хортикултурните тајни, соопшти издавачот.
Книгата ќе ја промовираат академик Луан Старова и проф. д-р Александар Прокопиев.
Искендер Пала е писател, колумнист и професор. Роден е во градот Ушак во 1958 година. Во 1979-та завршил факултет за литература на Истанбулскиот универзитет каде што и докторирал на Одделот за османлиска диван литература. Подоцна станал доцент и професор. Се уште е дел од наставниот кадар на Универзитетот во Ушак.
Пишува кратки приказни, есеи, академски студии и написи во весниците, кои биле инспирирани од класичната поезија. Неговиот роман „Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул“ е продаден во тираж од стотина илјади примероци и е многупати награден.
Турскиот завод за патенти го регистрирал Искендер Пала како име на бренд. Во 2013 година ја добил Големата претседателска награда за култура и уметност во областа на литературата.
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување
-

Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски, потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи
-

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет, култура и најсилна врска што не обединува, без разлика каде живееме
-

Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
