Бизнис
13. May 2016 - 8:33

Промоција на проектот „Бренд концепт“

Во Младинскиот културен центар денеска ќе биде презентиран проектот „Бренд концепт“ поддржан од група уметници.

Во рамки на презентацијата ќе бидат промовирани толковник и три книги од Сотир Костов, кој е и автор на проектот „Бренд концепт“.

Покрај промоцијата на книгите, ќе биде отворена и изложба на уметнички дела насловена „Современа македонска графика до 60-тите години на 20-тиот век - како успешен македонски бренд“. Изложбата ќе ја отвори проф.д-р Кирил Темков.