Промоција на Почетната студија за домување на Ромите во Општина Чаир
Во рамки на проектот “Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој”, денеска во општина Чаир ќе биде промовирана „Почетна студија за домувањето на Ромите во Општина Чаир“ во организација на Хабитат Македонија и Сумнал.
Целта на Почетната студија е утврдување на состојбите во домувањето и урбанизацијата во ромската населба во Општината.
За подготовка на оваа Студија била спроведена теренска анкета со која биле опфатени 736 домаќинства од ромската населба Топаана, а прашањата во анкета биле поврзани со состојбите во домот и локалната средина во која живее ромската популација.
Проектот “Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој” е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Хабитат Македонија во соработка со граѓанските организации РОМА С.О.С од Прилеп, Черења од Штип и Сумнал од Скопје.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест