Промоција на пчеларски производи на првиот Саем за мед во Струга
Промоција на пчеларските производи и поттикнување на развојот на пчеларството е целта на првиот Саем на мед што денеска и утре се одржува во Струга во организација на Здружението на пчелари „Матица“, Мрежата за рурален развој на Македонија и Општина Струга.
Претседателот на Мрежата за рурален развој Петар Георгиевски истакна дека главен мотив за организација на саемот е значењето на медопроизводството бдејќи нуди широка палета на производи.
- Покрај медот значајни се и восокот, поленот, млечот... Нивнот мешање со медот дава производи кои може да допринесат до целокупниот придонес на пчеларите. Медот има големо значаење во исхраната, но и во фарматологијата и во козметичката индустрија, истакна Георгиевски.
Изрази надеж дека самот ќе биде мотивација за сите пчелари, кои ќе ги нудат своите производи на поетнцијалните потрошувачи и ќе ја подигнат свеста кај граѓаните дека медот е многу здрав и треба секојдневно да се конзумира.
Секретарот на пчеларското здружение „Охрид“, Горан Блажески смета дека ваквите манифетасции придонесуваат за едукација на граѓаните за оригиналниот мед и широката палета на пчелните производи, кои ќе имаат можноста да ги вкусат на штандовите, но и да се едуцираат кои се придонесите од медот.
Менде Трајковски пчелар од битолскиот дел на Мариово и претседател на Регионалниот пчеларски сојуз нагласи дека целта на манифестацијата е да го промовираат пчеларството кај заинтересираните граѓани во регионот кои сакаат да се занимаваат со пчеларство, но и да ги поттикнат граѓаните да ги пробаат пчелните производи и да ги конзумираат секојдневно во исхраната бидејќи тоа е здрава и органска храна
На првиот Саем на мед во Струга, покрај пчелари од регионот со свои производи учествуваат и пчелари од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар и Струга.
Ново на Сител
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
-
Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата
-
Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти
-
Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток
-
Уапсени осум лица и пронајдени 50 пиштоли во акцијата на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година
-
Делфини во Мексиканскиот Залив позитивни на кокаин
-
Шведското обвинителство се откажа од случајот за силување против Мбапе