Бизнис
17. September 2018 - 20:23

Промоција на овластен економски оператор

Царинската управа го промовираше концептот на овластен економски оператор пред деловната заедница од југоистокот на државата. Статусот на овластен економски оператор е меѓународно признаена марка за квалитет која укажува на тоа дека економските оператори од Македонија почнувајќи од производители, преку извозници и увозници па се до шпедитери и транспортери во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни, а нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Царински поедноставувања, поголема безбедност и сигурност, намалени трошоци се само дел од придобивните што ги носи  ваквиот статус кој се стенува на доброволна основа.

,, Концептот на овластен економски оператор значи поволности за македонските компании како на македонското царинско подрачје, така и во царинското подрачје од земјите на ЦЕФТА регионот, односно овозможува приоритетен третман при извршување на царинските контроли, односно дава можност за избор на местото на истовар, за помал број на документарни и физички контроли со што ќе дојде до намалување на трошоците на самите компании, а тоа доведува до зголемување на нивната конкурентност.

Примената на овој концепт започна со усвојувањето на измените во царинскиот закон кој беше прилагоден со оној на ЕУ, а повеќе компании веќе ги започнале подготвителните активности за добивање на статусот на овластен економски оператор.