Македонија
31. August 2019 - 8:55

Промоција на нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска ќе бидат промовирани новите полициски службеници.

На свеченоста ќе се обратат премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
 
Промоцијата ќе се одржи на спортското игралиште во Центарот за обука во Идризово.