Македонија
28. August 2015 - 9:38

Промоција на книгата „Шум“ од Жаклина Михајлова

Книгата „Шум“ од Жаклина Михајлова од Сиднеј, што ја издаде Културниот центар „Бран“ од Струга вечер ќе биде промовирана во хотелот „Плажа“.

Михајлова е автор на повеќе книги за деца и возрасни, а ова е нејзина втора книга, хаику песни. Промотори на книгата „Шум“ се Христо Петрески и Петко Шипинкаровски, а песни од книгата ќе чита авторката Михајлова.

„...,,Шум” е нова појава на чувства на среќа и доживувања како блик и блесок на виножито, провлекување со и низ тристишијата на својот бренд на препознатлив стил, што сето тоа глобално претставува збир на лирски минијатури, што секоја по себе претставува целина или една песна, една приказна, минијатурна во приспивноста на македонско-јапонската приквечерина, како сѐ да си има свое раѓање, живот и смрт, пишува промоторот Шипинкаровски.

За сите лица што ќе присуствуваат на промоцијата, организаторот „Бран“ од Струга  обезбеди примерок од книгата.