Македонија
19. October 2017 - 8:51

Промоција на книгата „Мојот професор пророк“ од Вера Стојчевска-Антиќ

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Мојот професор пророк“ од  Вера Стојчевска-Антиќ, посветена на Блаже Конески.

- „Мојот професор пророк“ е своевидна етнографија на комуникацијата во македонската наука и култура... Конкретно, за животот во македонистиката, домашна и особена странска, во која централна личност своевремено бил Блаже Конески, соопшти Библиотеката. 

Вера Стојчевска-Антиќ е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Нејзиното дело содржи над 850 објави во Македонија и во странство, од кои 75 се книги. Нејзината научна дејност е позната во многу македонски и странски славистички центри, која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност.

Книгата на Стојчевска-Антиќ ќе ја промовира проф. д-р Димитар Пандев.