-->
-->
Промоција на книгата „Јас. Елегии“ од Михаил Ренџов
-->

Поетската книга „Јас. Елегии“ од Михаил Ренџов денеска напладне ќе биде промовирана во Штип. Издавач е книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, а организатор на промоцијата - Домот на младите во Штип.
Оваа поетска книга на Ренџов на годинашните Струшки вечери на поезијата ја освои најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладиновци“.
Беседа за поетското творештво на Михаил Ренџов и осврт кон наградената книга ќе одржи поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски.
Михаил Ренџов е веќе меѓу доајените на македонската современа поезија, автор е на триесетина поетски книги, носител на врвни македонски и меѓународни награди и признанија, а неговите книги се преведени на дваесетина странски јазици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
