Македонија
17. November 2017 - 9:05

Промоција на книгата „Историја на чешката култура“

Во Музејот на македонската борба во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Историја на чешката култура“ од тројца автори - научници: Јан Рихлик од Чешка,  Владимир Пенчев од Бугарија и Новица Велјановски од Македонија. 

- Почетокот на чешката култура во смисла на духовни и материјални вредности создавани со мисловна и творечка дејност на народите го лоцираме во времето на 9 век кога словенските племиња на овие простои ги создавале првите државни творби – Великоморавското Царство, а потоа и Чешкото Кнежевство, велат авторите.

Македонскиот читател, а пред сè, научниот творец, истакнуваат авторите на книгата, ќе има убава можност да го споредува тоа со она што се случувало на овие простори кај другите, исто така, словенски народи.

Книгата  е во издание на „Макформ“ - Скопје.