Промоција на кампањата „Правата да се уживаат, обврските да се почитуваат“ на ЕУ
Министерството за внатрешни работи и Европската унија денеска во Скопје ќе ја промовираат кампањата „Правата да се уживаат, обврските да се почитуваат“, што се реализира во рамки на проектот за „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“.
На промоцијата на кампањата, која се реализира во рамки на ИПА програмата 2009 на ЕУ предвидени се обраќања на министерот за внатрешни работи Митко Чавков и на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.
Проектот финансиран од ЕУ се фокусира на две главни компоненти, особено на затворскиот систем и на полициската служба. Во однос на полициските служби, проектот се фокусира на развој на капацитетите за зајакнување на професионализмот во поглед на гарантирање целосно почитување на основните права на лицата кои се во притвор, преку ефикасна и сигурна регулаторна и оперативна рамка. Во рамки на оваа компонента, во соработка со Министерството за внатрешни работи е осмислена кампањата за подигнување на јавната свест за заштита на човековите права.
Целта на јавната кампања за заштита на човековите права е да се подигне јавната свест за напредокот на полицијата во однос на почитувањето на човековите права. Нејзината цел е да им обезбеди информации на граѓаните за нивните права во врска со полициските постапки и функционирањето и развојот на системите за спречување и контрола на полицијата, како и за постојните механизми за жалби против наводни прекршувања на човековите права од страна на полициските службеници. Исто така, кампањата треба да овозможи алатки кои ќе ја подигнат свеста кај полициските службеници во делот на почитувањето на правата на лицата лишени од слобода. цр/бак/07:31
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши