Македонија
30. July 2018 - 15:39

Промоција на кампањата „На секое дете му треба семејство“ во Битола

На плоштадот Магнолија во Битола, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс вечер ќе присуствуваат на настан кој е дел од националната кампања „На секое дете му треба семејство“.

Како што информираат од МТСП, Царовска и Перкс ќе се сретнат со згрижувачки семејства од битолско и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Националната кампања е заеднички организирана од Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.