Промоција на филмот „Комедија дел Арте“ на Филмофилска продукција

Комедија дел Арте (Comedia dell Arte) е насловен првиот долгометражен аматерски филм на Филмофилска продукција којшто вечер со почеток во 20 часот ќе биде промовиран во Кинотека на Македонија.
Во центарот на приказната е Сокуров - ексцентричен режисер кој сака да создаде филмско ремек дело, но наидува на тешка соработка со својот тим, а тука е и кармата...
Од продукцијата, филмот го опишуваат како комедија со елементи на фантастика, и велат дека претставува своевиден „трејдмарк“ на нивното творештво.
Comedia dell Arte е во режија и сцеарио на Владимир Најдовски, а улогите ги толкуваат Златко Поповски, Бојана Тосковска, Игор Јованов, Ива Парлапанов, Моника Спасева и Никола Виларов.
Филмофилска продукција зад себе има три краткометражни филмови - „Сенките на сонот“, „Иумидрум“ и “Фи“.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
