Промоција на „Џиновска продавница за фантазии” од Бистра Георгиева
Во книжарницата „Литература.мк“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Џиновска продавница за фантазии” од Бистра Георгиева, со илустрации од Моника Каретеро од Шпанија.
-Книгата ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, нелогична, разиграна, смешна и максимално креативна. Главниот протагонист е Џинот, кој имал безброј фантазии, па решил да отвори продавница за фантазии, за да може секој да ги купи оние што му недостигаат. Оваа сликовница се разликува од останатите по својот џиновски формат, соопшти издавачот „Либи“ – дел од „Арс Ламина – публикации“.
Бистра Георгиева е дипломиран социолог, магистер по комуникации и има завршено филмски колеџ во Данска. Својата професионална кариера ја почна како волонтер во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, а потоа работела на неколку филмски проекти. Шест години беше дел од невладината организација „ОХО“, со ангажман на проектот „Пет плус“. Има напишано и сценарио за цртаниот филм „Едно поинакво пријателство“.
„Џиновска продавница за фантазии“ е нејзина втора книга за деца, по сликовницата „Ото, Ото и Ото“, исто така работена во соработка со шпанската илустраторка Моника Каретеро, која има издадено повеќе од 70 книги во Шпанија, Англија, Австалија и САД.
Книгата вечер ќе ја промовира уредничката на изданието, Билјана С. Црвенковска.
Ново на Сител
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин
-
Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста