Македонија
19. August 2015 - 8:36

Промоција на драми од Горан Стефановски во Охрид

Во рамките на „Охридско лето“ вечерва во „Куќата на Уранија“ ќе биде промовирана книгата „Собрани драми, книга четврта“ од македонскиот драматург и писател, Горан Стефановски.

Најновата збирка од едицијата „Темелници“, во издание на Табернакул, содржи три нови драми, „Одисеј“, „Огнени јазици“ и „Фигурае венерис хисториае“.

Книгата ќе ја промовира Катица Ќулавкова, а извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски. На промоцијата планирано е да говори и Горан Стефановски за процесот на создавање на драмите.