Промоција на документрецот „Животиште“ Битола

Во Битолскиот театар вечер ќе биде емитуван документарниот филм „Животиште“ посветен на починатиот режисер Владо Цветановски, чиј автор и режисер е неговиот син Андреј Цветановски.
Проекцијата на документарецот ќе биде реализирана во Битолскиот театар затоа што токму на оваа сцена Владо Цветановски поставил 12 театарски претстави и е длабоко поврзан со оваа куќа, посочи Андреј Цветановски, во пресрет на вечерашната промоција на документарецот „Животиште“.
- Сликите од тетарските претстави што во Битола ги подготвуваше мојот татко сеуште ги паметам иако имав 5 години и бев многу мал. Но, тие претстави се значајни за историјата на театарот во Битола, точки длабоко врежани во сите нас. Овој документарец зборува токму за тоа, за режисерот и театарџијата Владо Цветановски. Документарниот филм е многу личен и сите што се вклучени во филмот говорат за пријателот Владо, истакна младиот режисер Андреј Цветановски.
Во документарецот „Животиште“, меѓу повеќето учесници, интервјуиран е и актуелниот уметнички директор на НУ Народен театар-Битола Благој Мицевски, кој во пресрет на вечерашната промоција посочи дека Цветановски во Битола почнал со својата прва студентска претстава и завршил со својот последен театарски проект.
- Луѓето живеат толку долго колку што има живи луѓе што ги паметат. Нашето паметење, сеќавање за Владо Цветановски ќе биде долго, долго...Тој остави длабока трага во театарот и во неговите претстави. Со овој филм таа меморија ќе биде уште поголема, бидејќи е посветен на еден голем човек, посочи Мицевски.
Музиката за документарецот ја подготви Димитар Андоновски, монтажер е Сергеј Светозарев, а директор на фотографија е Димитар Колонџиев.
Насловот на документарниот филм „Животиште“ бил избран според најчестата изрека на режисерот Владо Цветановски, кој почина пред три години на 23 октомври.
Ново на Сител
-

Сообраќајка во Битола, повредено 17-годишно момче
-

Возило излетало од автопатот Скопје-Штип, двајца повредени
-

Тешко повреден мотоциклист кој удрил во куче
-

Иранскиот претседател вели дека убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“
-

Во нападите врз Техеран оштетена амбасадата на Србија | ФОТО
-

ДЗС со вежба го одбележува Светски ден на цивилната заштита
-

Кац: Израел го напаѓа Техеран директно со „stand-in“ муниција по воспоставувањето воздушна надмоќ
-

Следува период на топло време, температури до 20 степени
