Промоција на дипломираните студенти на Факултетот за безбедност
Факултетот за безбедност-Скопје денеска свечено ќе ги промовира дипломираните студенти од прв и втор циклус на студии.
На Факултетот се реализира прв циклус на студии на студиските програми за безбедност, криминалистика, безбедност и евроатлански интеграции, криминологија, безбедност и финансиска контрола, втор циклус на студии за безбедност, форензичка безбедност, криминалистика и безбедност и финансиска контрола, како и трет циклус студии по безбедност.
На свеченоста, според најавите од организаторот, ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола проф. д-р Сашо Коруновски и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски.
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата