Промоција на дебитантскиот роман „На работ на времето“ на Моника Трајковска
Во Јавна соба вечер ќе биде промовиран дебитантскиот роман на младата македонска писателка Моника Трајковска, насловен „На работ од времето“, прв дел од научнофантастичната трилогија „Наследството на Вероника“.
Романот ќе биде промовиран како дел од програмата на Македонска поддршка на Фестивалот на европската книжевност „БоокСтар“.
Романот ќе го промовираат познатите твитерџии Маја Стојчевска, Михајло Стојанов, Марија Андреева и Дејан Миноски.
Авторката на романот, Моника Трајковска, е родена на 26 мај 1989 година во Скопје. Уште од рана возраст покажува заинтересираност за човечкиот ум, па тоа ја води кон факултетот за психологија. По дипломирањето, сакајќи да дознае повеќе за однесувањето на луѓето, завршува и прв степен во областа на гешталт-психотерапијата. Смета дека целото искуство за време на студирањето ѝ помогнало при создавањето на ликовите од трилогијата „Наследството на Вероника“.
Фестивалот „БоокСтар“ е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска.
Ново на Сител
-
Кратовчанец возел со 2,28 промили алкохол во крвта и се обидел да и побегне на полицијата
-
Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд