Промоција на анализа за инклузијата на Ромите
„Влијанието на националните политики врз инклузијата на Ромите“ e насловот на анализата што ќе ја промовира денеска Ромскиот културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ - Скопје.
Анализата е резултат на активностите во рамки на компонентата: Подршка на невладини организации и слобода на медиуми на ИПА/2015 програмата каде што РКМЦ БАРИКАНИПЕ- Скопје е корисник на подгрант на Здружението за права на Ромите- Штип.
Ромскиот културен и медиумски центар „Бариканипе“ е здружение на млади студенти чија интенција е унапредување на положбата на Ромите во повеќе области, со посебен акцент на анализирање и креирање политики со цел нивно подобрување, зголемување на манифестации и книжевни дела за збогатување на ромската и националната библиотека, како и подобрување на ромското медиумско милје преку продуцирање и обучување на адекватен кадар. за таа цел здружението во свои редови како почесни консултанти имаат реномирани и високо образовани Роми од споменатите области.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа