Прометот во индустријата расте на странскиот, паѓа на домашниот пазар
Прометот во индустријата во март годинава, во однос на март лани бележи раст од 6,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2016 бележи опаѓање од еден отсто, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 8,6 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен, бележи опаѓање од 9,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,2 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,1 отсто, Капитални производи за 19,9 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто.
Прометот во индустријата во март 2016 година, во однос на февруари 2016 година, бележи 8,1 отсто додека во периодот јануари-март 2016 година, во однос на периодот јануари-март 2015 година, изнесува пораст од 9,3 отсто.
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина