Прометот на индустријата во април намален за 0,5 проценти
Прометот на индустријата во април е намален за 0,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Намалување има кај прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за 7,3 проценти, а зголемување за 1,4 проценти е забележано кај прометот во индустријата на странските пазари.
Во секторот Рударство и вадење камен има пораст од 24,7 проценти, додека во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 1,2 проценти.
Според главните индустриски групи, пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11 проценти, а опаѓање кај Капитални производи за 5,2 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти.
Прометот во индустријата во април во однос на март годинава бележи намалување од 13,4 проценти, додека во периодот јануари - април во однос на истиот период лани има зголемување од осум проценти.
Ново на Сител
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања