Бизнис
15. јуни 2017 - 13:10

Прометот на индустријата во април намален за 0,5 проценти

Прометот на индустријата во април е намален за 0,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Намалување има кај прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за 7,3 проценти, а зголемување за 1,4 проценти е забележано кај прометот во индустријата на странските пазари. 

Во секторот Рударство и вадење камен има пораст од 24,7 проценти, додека во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 1,2 проценти. 

Според главните индустриски групи, пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11 проценти, а опаѓање кај Капитални производи за 5,2 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти.

Прометот во индустријата во април во однос на март годинава бележи намалување од 13,4 проценти, додека во периодот јануари - април во однос на истиот период лани има зголемување од осум проценти.