Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд.
Според прогнозата на УХМР, во текот на ноќта кон четврток во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.
- Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголемува, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?