Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15 литри на метар квадратен), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени.
- Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд - најави УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Законот за координација на безбедносните служби пред матичната комисија
-

Поскапуваат горивата
-

Четврти потврден случај со морбили во Македонија – Се проверува дали се поврзани
