Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови каде ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
В недела, пак, ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.
-Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Во понеделник наместа ќе провејува слаб снег, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа
-
Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија