Променливо облачно со подолги сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.
Во наредните денови претстои период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.
Наместа ќе има повремен локален дожд. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нула.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?