Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во останатите делови од 10 до 15 литри на квадратен метар. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во деновите на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а в недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори