-->
-->
Променливо облачно, попладне дожд и снег
-->
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со умерен југозападен а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. По котлините претпладне ќе биде магливо, а попладне видливоста ќе се зголеми. Во попладневните часови и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува а ќе има повремени врнежи од снег на планините и дожд на пониските места. Кон крајот на денот и преку ноќта врнежите ќе поминуваат во снег и во некои пониски места. Се очекува на места, особено во западните делови да се формира нова снежна покривка, повисока од 10 сантиметри. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени, а во котлините со магла 3 до 8 степени.
Во Скопје, претладне ќе биде магливо, попладне видливоста ќе се зголеми и ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во текот на ноќта ќе има услови за врнежи од дожд и снег.Ќе дува умерен југоисточен, а кон крајот на денот засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 8 степени.
Утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура и расчистување на воздухот. Времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи од снег. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински и дневни температури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар