Променливо облачно, нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.
И во петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во следните денови ќе биде во постепено опаѓање.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница