Променливо облачно и топло време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе има услови за локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 13 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе достигне до 17 степени.
Од понеделник под влијание на изразено јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни (над 50 л/м2 воден талог), особено во вторник и среда. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, а во среда кон крајот на денот и ноќта го менува правецот во северен.
Ново на Сител
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер