-->
-->
Променливи откупни цени на градинарските култури во Струмичко
-->
Изминативе денови променливи се откупните цени на доматите, пиперките и краставиците, велат градинарите од Струмичко.Според нив, доматите вчера се откупувале по 25 денари за килограм, а денеска трговците ги плаќале по 10 денари.
-Таква е состојбата и со откупот на краставиците, кои вчера се откупува за 20 денари, а денес за 10 денари за килограм. Пиперките се откупуваат за 30 денари за килограм, а денеска цената падна на 10 денари, изјави Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.
Додава дека променливите откупни цени се должат на односот на понудата и побарувачката на пазарите. Покрај тоа, намалена е и побарувачката на домашниот пазар.
- Земјоделци кои го пласираат своето производство на пазари ширум државата велат дека нема побарувачка и често пати се случува да го вратат произведеното, додава Божиков.
Трговците информираат дека квалитетните домати се откупуваат по цена од 25 до 35 денари.
- Покрај доматите, добра цена има и зелената пиперка од сортата „куртовска капија“, која се откупува 25 денари за килограм. Цената на краставиците се движи од 15 до 20 денари, а зелката се откупува од осум до 10 денари за килограм, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.
Според него, деновиве има голем интерес за праските и тие се плаќаат по 20 денари од килограм.
Земјоделците информираат дека за неколку дена треба да стасаат доматите кои се засеани како втора култура во пластениците. Се надеваат дека за оваа реколта ќе има поголем интерес и повисоки цени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
