Македонија
30. November 2021 - 16:32

Промените во аплицирањето го преполови бројот на апликации за годишната програма во култура

По низата скандали за злоупотреба при распределбата на парите од Програмата за култура, министерството преку електронско аплицирање се обидува да ги избегне можните малверзации. Годинава за прв пат на јавниот повик се аплицираше онлајн, а пристигнати се 3.800 проекти, што е значајно помалку од лани, кога имаше 6.200 апликации. Сепак, надлежните се задоволни и велат дека процесот на аплицирање бил едноставен и без непотребни редици. Во тек е административната проверка на пријавите.

Од Министерството за култура информираат и дека во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески следниот месец ќе бидат објавени видео анимации и препеани песни од великанот на сите јазици кои се употребуваат во земјава.

Јубилејна годишнина денеска одбележува и Филозофскиот факултет во Скопје.

По повод 100 години од првиот академски час се доделија повеќе награди за најзаслужните за формирањето и опстанокот на овој факултет.