Промена на режимот на сообраќај од Демир Капија кон Неготино среда
Поради градежни активности на Државен пат А1, од Демир Капија кон Неготино, денеска ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија.
Од Авто-мото сојусот на Македонија информираат дека сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.
Од АМСМ со препорака до возачите за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар
-
Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета