Фудбал
13. December 2016 - 0:43

Промашија пенал и паднаа во Рим

Дербито на „Олимпико“ со кое беше комплетирано 16.коло во Серија А и припадна на Рома, која минимално го совлада Милан. Рома остана на втората позиција на табелата со 35 бодови, четири помалку од лидерот Јувентус и три повеќе од Милан.
Мечот на „Олимпико“ го реши белгискиот репрезентативец Наинголан кој единствениот гол го постигна во 62.минута.
 
Трагичар на натпреварот е напаѓачот на Милан Нијанг кој во 27.минута не успеа да реализира пенал, односно Шчесни го одбрани неговиот удар.
 
Рома во наредното коло игра уште едно дерби против Јувентус во Торино, додека Милан ќе ја пречека Аталанта.

https://