Пролетните култури во Дебарско ќе бидат засеани на 300 хектари
Во оштините Дебар и Центар Жупа пролетните култури ќе бидат засеани на 300 хектари од кои 60 отсто со житни, пред се пченка.
- Од вкупно планираните површини, 180 ќе бидат засеани со житни култури, од кои 165 со пченка, 10 со пролетен јачмен и пет хектари со овес. Што се однесува до градинарските култури тие ќе се најдат на 40 хектари, главно пипер, домати, кромид и бостан. Останатите 75 хектари ќе бидат засеани со фуражни култури, односно 50 со луцерка и 25 други фуражни култури, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанство во Дебар.
Поради снегот и дождовите, посочи тој, сеидбените работи ќе почнат со задоцнување, најверојатно идната недела, доколку дозволат временските услови.
- Очекуваме пролетните сеидбени работи да почнат следната недела. Бидејќи земјоделците располагаат со потребната механизација и семенски материјал, се надеваме дека работите интензивно ќе се одвиваат и сеидбата да заврши во оптималнот рок. Поради климатските промени, по нашите совети земјоделците почнаа да користат нови хибридни сорти семе кои се поотпорни и кои даваат поголеми приноси, нагласи Муладаути.
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот