Пролетниот мраз ги намали приносите на мед во Кочанско

Временските неприлики присутни во кочанскиот регион во изминатите месеци, ги намалија принсоите од мед, а со и приходот на пчеларите од Кочанско. Пролетните мразеви лошо се одразија врз поголем дел од пчелните семејства при што и приносите годинава нема да бидат на задоволително ниво.
- Годината почна лошо уште од самиот старт. Прво имавме студена зима која што предизвика загуби и штети на пчелните семејства, а подоцна и пролетниот мраз придонесе багремот да измрзне во 90% и од него всушност немаше никаков принос. Измрзнаа и сите овошки така што тие неприлики ќе се одразат на пчелите и нема голема надеж за добри приноси, ни изјави Васко Митров, пчелар со големо искуство од с. Теранци,во општина Чешиново Облешево.
Цената за килограм мед изнесува 350 денари, а на големо од 250 до 300 денари за килограм. Поради намалените приноси се очекува и пораст на цената.
Инаку, во однос на активностите кај пчеларниците, Митров истакнува дека ова е период на производство на вештачки роеви, матичен млеч, при што искусните пчелари препорачуваат роевите да се прихрануваат со шеќер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
