Пролетен базар на домашни ракотворби

Пролетен базар на домашни ракотворби денеска и утре ќе се одржи на Плоштадот Филип Втори во Скопје, во организација на Занаетчиската комора.
На пролетниот базар ќе бидат изложени домашни ракотворби и практично претставени голем број занаети, како и нивното значење и влијание врз квалитетот на живеењето на граѓаните.
Во рамки на оваа традиционална манифестација годинава ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, плетиво, изработки од камен и цртање на украси на камења, изработки на производи од филц и декоративни украси и облека од филц, цртање чаши со македонски мотиви, уникатни изработки на цветни аранжмани од бонбони.
Целта на настанот е да се истакне значењето на овие кадри за занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а се со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта.
На базарот ќе бидат промовирани занаетчиските занимања кои нудат перспектива и можност за вработување, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на градот Скопје.
Ново на Сител
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
