Свет
30. March 2018 - 21:46

Производството на нафта во САД се искачи на 9,964 милиони барели дневно

Американското производство на нафта се искачи на 9,964 милиони барели дневно, што се должи главно на порастот на производство од морските платформи.

Платформите произвеле за 5 проценти повеќе нафта во споредба со минатиот месец, односно вкупно 1,62 милиони барели. Во исто време, има мало намалување на производството во Тексас и Аљаска, додека во третата голема нафтена држава, Северна Дакота, производството се искачи на 1,16 милиони барели дневно.

Производството на природен гас се намали на 86 милијарди кубни стапки дневно, што претставува пад од 1,4 проценти во споредба со претходниот месец, но сепак е 9,9 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.